| четврток, 6 декември 2018 |

Пријателите се простуваат од младиот Ангел

angel

Пријателите на „Фејсбук“ се опростуваат од својот пријател, 18-годишниот матурант Ангел, кој со неколку убоди од остар предмет беше прободен во срцето и  почина на самото место. Ангел бил матурант во средното медицинско училиште во Скопје.

– Ти благодарам за секоја минута во која ми беше другар… Сѐ уште не можам да поверувам во ова… Џабе е сѐ што ќе се направи понатаму, залудни се сите зборови, дела, солзи исплакани… ова проклето време само лошо се случува. Одземен е дел од мене вечерва и тоа не може да се пополни. Како можеше некој тебе лошо да ти стори? Подобро дете од тебе немаше. Ти благодарам за сѐ и знам дека го читаш ова од некаде таму горе, знај дека те сакам БРАТУ! ПОЧИВАЈ ВО МИР! – напиша неговиот најдобар другар.

angelБолката е неутешна. Беше убиен поради кражба на неговиот велосипед.  Осомничениот Насер,  кој веднаш по убиството е уапсен,  по 15 часот влегол во неговиот двор сакајќи да му го украде велосипедот.  Матурантот го забележал и заедно со неговиот татко почнале да го бркаат со возило. Кај очната клиника  почнала и физичка пресметка меѓу нив, по што Ангел бил прободен до смрт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top