| четврток, 6 декември 2018 |

ЛШ: Ливерпул во третиот барабан, Монако и Рома во четвртиот

По завршувањето на европските шампионати, познати се поголемиот број учесници во Лигата на шампиони наредната сезона, а веќе се познати и потенцијалните барабани за жребот.

Одредени екипи во барабните што имаат ѕвезда сѐ уште не обезбедиле пласман бидејќи им претстојат квалификации.

Оваа сезона ќе биде посебно интересна бидејќи во Лигата на шампиони се враќа Ливерпул, а тука се и Рома, Монако, Спортинг Лисабон.

Секако, ова е само претпоставка на странските медиуми кои пишуваат дека вака би изгледале барабаните доколку нема изненадување во квалификациите.

Прв барабан: Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Баерн Минхен, Челси, Бенфика, Арсенал*, Порто*

Втор барабан: Шалке, Борусија Дортмунд, Јувентус, ПСЖ, Шахтјор, Базел, Зенит*, Манчестер Сити

Трет барабан: Леверкузен*, Олимпијакос, ЦСКА, Ајакс, Ливерпул, Спортинг, Галатасарај, Наполи*

Четврт барабан: Андерлехт, Рома, Селтик**, Монако, Бате Борисов**, Салзбург*, Стеауа**

*- екипи што ги почнуваат квалификациите во плејофот

**- екипи што ги почнуваат квалификациите од третото коло

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top