Министерот за надворешни работи на техничката влада на Косово, Енвер Хоџај, му изрази сочувство на министрите за надворешни работи на Србија и на Босна и Херцеговина, Ивица Дачиќ и Златко Лагумџија, за изгубените жртви во поплавите кои го зафатија регионот.
– Длабоко сочувство заИвица Дачиќ и за Златко Лагумџија, како и народот во Србија и во Босна и Херцеговина за загубените животи во поплавите – напиша Хоџај на својот профил на социјалните мрежи.
Претходно, министерот во заминување на Косовските безбедносни сили, Агим Чеку, изјави дека чека повик од Србија и од Босна и Херцеговина за да испрати единици за помош на загрозените во големите поплави.
Чеку за локалното радио изјави дека КБС се подготвени да помогнат.
– Се работи за хуманитарно прашање, а тука нема никаков срам. Без оглед на нашите билатерални односи и без разлика што тие не го признале Косово, кога станува збор за животот на луѓето, ние сме подготвени да интервенираме – рече Чеку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


