Поплавите кои овие денови ги погодија Србија и Босна и Херцеговина со себе донесоа и разни пропратни опасности.
Една од најнепосредните опасности се змиите, кои дојдоа со пороите, пишува „Јутарњи лист“.
Од областа Завидовиќи во Босна и Херцеговина дојдоа извештаи за првите каснувања, а во неделата локалното население на Гуња на новинарот на „Јутарњи лист“ на терен сведочеа за голем број влекачи, кои допливаа и до потопеното место во Славонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.