Алекса Колаковиќ е едно храбро деветгодишно момче кое во Железник ги дочекува загрозените и ги прска со средства за дезинфекција. Тој е еден од илјадниците доброволци кои се грижат за настраданите сограѓани.
– На извидници научив дека грижата за повредените и за другарите е најважна, па дојдов да го дадам својот придонес – изјавил Алекса.
Тој е најмладиот волонтер кој помага на терен, ги дочекува сите евакуирани и им помага.
– Овде сум да им помогнам на луѓето и на земјата – одговори тој на новинарско прашање од српски Курир.
Вчера му беше првиот ден на терен, а сака да остане таму за да биде од помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.