| четврток, 6 декември 2018 |

Меѓународната градинка „St. Paul“ го одбележа својот прв патронат

Првата меѓународна градинка на „CEL Global“, „St. Paul“ го одбележа првиот патронат. Во присуство на соработниците и семејствата на децата, со интересен настан, исполнет со забава, музика и претстави, што го приредија нејзините ученици менаџментот на градинката го прослави патронатот.

Patronat St. Paul 4

– Пред девет месеци, инспирирани од децата од предучилишна возраст и нивните потребни за модерна и современа едукација,  ентузијастички и со големи очекувања ја отворивме првата меѓународна градинка на нашата компанија „CEL Global“. Периодот од една година успешно постоење е многу значаен за нас, затоа што не прави особено горди сознанието дека во просториите на нашата градинка, децата од претшколска возраст секојдневно учат, се забавуваат, уживаат во различни активности, но пред се, растат и созреваат во независни личности. Посветата и заложбата во оваа институција изминатиот период го оправда нашиот труд и создаде успешна приказна што веруваме дека уште долго ќе трае – изјави Гурав Семвал, генерален менаџер на „St. Paul’s Kindergarten“.

Garav - Patronat St. Paul

 

Во периодот од девет месеци, во градинката одлично функционираат 4 групи за деца на возраст од една до пет години што престојуваат во безбедна средина, истовремено мотивирани да стекнат љубов кон учењето, но и да се забавуваат со големиот број на интересни активности, засега несекојдневни за градинките во Македонија.

Patronat St. Paul 2

Градинката „St.Paul“ работи по интернационални стандарди, карактеристични за сите градинки низ светот менаџирани од „CEL Global“. Градинката исто така  го применува познатиот Монтесори метод – образовен пристап кој се употребува во илјадници образовни институции низ светот. Монтесори методот се базира на истакнување на уникатноста и независноста на секое дете, како и поттикнување на креативно и критично размислување, наместо наметнување на механички задачи и активности.

Patronat St. Paul 3

Децата имаат можност сами да ја креираат нивната листа на активности од понудениот избор на градинката, од стандардните забавни игри и прослави, до вежби за развој на интелигенцијата, јога и драма. Целата програма се одвива истовремено на македонски и на англиски јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top