Трилер-завршница во последното коло во Серија А, фудбалерите на Торино пропуштија шанса да се пласираат во Лига на Европа, во која ќе оди екипата на Парма.
Торино во Фиренца во продолжението од натпреварот имаше пенал за пласман во квалификации за ЛЕ, но непрецизен беше Алесио Черчи и натпреварот го завршија со резултат 2-2.
Ремито на Торино го искористи Парма, која со головите на Амаури во 62. и во 80. минута против Ливорно успеа да се пробие до шестата позиција. Милан се надеваше дека ќе успее да дојде до таа позиција, но му беше недоволна победата над Сасуоло со 2-1.
Наполи со 5-1 ја совлада Верона, по два гола постигнаа Запата и Мертенс, а еден Калехон, додека Итурбе постигна почесен погодок за неговата екипа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Драстични промени во италијанската Серија А од следната сезона
-
Со двата гола на Брозовиќ, Интер го совлада Беневенто (Видео)
-
Наполи со пресврт го совлада Лацио, Јувентус со минимална победа против Фиорентина
-
Милан и Интер убедливи на стартот на новата сезона, Лацио не успеа да го совлада новајлијата Спал


