| четврток, 6 декември 2018 |

Осасуна и Валјадолид отидоа во Втора лига

Фудбалерите на Осасуна испаднаа од шпанската Прва лига, иако на домашен терен во последното коло ја победија екипата на Бетис со 2:1.

Гетафе, Гранада и Алмерија го зачуваа статусот во Првата лига, Атлетико е шампион, додека Барселона и Реал Мадрид одат директно во Лигата на шампиони.

Клубот од Памплона заврши на 18. позиција на табелата со 39 бода, еден помалку од Алмерија, првата екипа над опасната зона, која на домашен терен одигра доволни 0:0 против Атлетик Билбао.

На Осасуна ѝ се придружи Валјадолид, кој дома беше поразен од директниот конкурент Гранада со 1:0.

Трагичар во редовите на Валјадолид беше српскиот дефанзивец Стефан Митровиќ, кој во 44. минута постигна автогол и им донесе победа на гостите.

Бетис од Севилја одамна ги загуби сите шанси за опстанок во Првата лига.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top