Откако Епл (Apple) и Гугл (Google) решија да се повлечат од меѓусебните тужби, правниците велат дека сега Епл ќе се фокусира на битка со Самсунг. Во заедничкото соопштение на двете компании стои дека заеднички ќе работат околу некои делови на реформите во патентирањето. Целиот спор беше околу уредите Моторола Мобилити (Motorola Mobility), кој што Гугл го купи во 2012.
Епл и компаниите кои користат Андроид минатите години меѓусебно се тужеа за да ја заштитат својата технологија. Дури и Стив Џобс за Андроидот велеше дека е „украден производ“.
Оваа одлука меѓу двата гиганти нема многу да влијае на спорот кој доби поголемо медиумско внимание, на спорот со Самсунг, кому судот во Калифорнија му наложи да му плати на Епл скоро 120 милиони долари за кршење на правата за два нивни патенти.Истовремено и на Епл им беше наредено да плати 158 илјади долари отштета на Самсунг
-Ова би можело да биде нова стратегија на Епл, која сега својата стратегија би можела да ја насочи кон Самсунг, како кон најголем производител на Андроид телефони- оценуваат професорите по право кои додаваат дека одлуката на Гугл и на Епл всушност е симболична. Откако Гугл пред две години ја купи Моторола дојде до голема база на патенти, а по скоро три години битки по судовите , двете компании единствено може да се пофалат со судски трошоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


