Американецот Брајан Куглер би можел да добие пет години затвор бидејќи ограбил човек на кој му се слошило во еден бар, а потоа со тие пари на сите присутни им платил пијалак. Се забележале камерите кои биле поставени во објектот, па крадецот бил лесно разоткриен.
Неговата жртва, Лери Лотер, мислел дека има срцев удар кога паднал на подот во еден бар во Вилиамсон, во Илиноис. Куглер бил еден од гостите кои се обиделе да му помогнат, но истовремено му го украл и паричникот во кој имало 100 долари. Со тие пари на сите им купил пијалак, а ја почестил и жената која била заедно со Лотер.
Интересно е тоа што крадецот прво заминал со паричникот во тоалет, каде што извлекол две банкноти од по 50 долари, а потоа паричникот го вратил во близина на местото каде што Лери Лотер паднал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


