Маја Лазаревска е еден од амбасадорите на Фондацијата за храна на Џејми Оливер во Македонија. Таа во соработка со Министерството за труд и за социјална политика денеска, на 16 мај го организира Денот на револуцијата во исхраната во сите градинки во нашата земја.
Планирано е да бидат опфатени сите деца на возраст од две до шест години што посетуваат градинка во сите градови во Македонија. Планирано е кратко објаснување на важноста на здравата храна во градинките, а децата, преку игри, боенки и приказни ќе откриваат од каде потекнува нивното јадење, што содржи нивната храна и како влијае храната врз нивното тело. Ќе приготвуваат салата виножито во палачинка, а ќе засадуваат зеленчук во малата органска градина во дворот на градинките.
Иако настаните во градинките ќе бидат од затворен тип, Лазаревски ги охрабрува сите родители заедно со своите деца да се вклучат во оваа акција и со нив да зготват вкусни и здрави рецепти.
– Да се разбереме, мразам фанатизам и јас сум против секаков тип фанатизам во животот. Значи во тоа за што се залагам не станува збор за вегетаријанство, веганство или некаков посебен тип исхрана кај децата во градинките, туку, едноставно, тие малку нездрави ужини што ги имаат во менијата да се заминат со здрави оброци како јаболки, моркови, краставици, домати. Сите тие кроасани со чоколада, чоколатца, да се заменат со свежи ужини како јаболко, портокал, краставица – вели Лазаревска.
Платформата „Револуција во исхраната“e основана во 2010 година, како кампања и борба против епидемијата од дебелина и на болести, чијшто причинител е исхраната. Taa претставува движење што овозможува луѓето што сакаат добра и здрава храна да дојдат и заедно да споделат информации, талент и ресурси, а, исто така, да го пренесат своето знаење и вештини и со тоа да придонесат до оживување на традиционалните погледи за приготвување на храната и за готвењето како есенцијална вештина што може да ја има еден човек. Идејата е да се создаде едно светско движење, кое ќе инспирира промени во навиките во исхраната на луѓето, притоа промовирајќи мисија за подобра храна и едукација за важноста на храната на сите заедници и возрасти. Сите амбасадори-волонтери своето време волонтерски го вложуваат во реализирање на свои проекти и замисли, кои се однесуваат на здрава и домашно подготвена храна и во својата содржина ги содржат начелата на Фондацијата за храна на Џејми Оливер и платформата Револуција во исхраната.
– Своето време го вложувам во создавање настани, кои имаат за цел да ја променат перцепцијата за храната и со мали чекори од најмала возраст децата да се едуцираат да го направат вистинскиот избор. На настаните што ќе се организираат под моја координација се вклучени и голем број волонтери, кои ми помагаат да создадеме ресурси на македонски јазик, да стапиме во контакт со компании, институции, општини и со тоа да допреме до поголем број семејства. Огромна благодарност до министерот Диме Спасов и до Министерството за труд и за социјална политика, кои ја поддржаа целата идеја и застана во заедничка реализација – вели Лазаревска.
Компанијата „Тинекс“ оваа година е дел од одбележувањето на „Денот на револуција во исхраната“ светска иницијатива стартувана од фондацијата на светски познатиот готвач Џејми Оливер која се реализира преку лидери-амбасадори во 72 земји во светот.
Во организација на Платформата која e основана во 2010 година и претставува движење што овозможува луѓето кои сакаат домашно приготвена и здрава да се обединат во рок од 24 часа за да се обидат да влијаат глобално со свои авторски настани, Тинекс учествува во организирањето на истите низ градинките и училиштата во Р.М. Целта е да се искористи денот и за подигнување на свеста околу важноста од добри училишни програми за храна како здравата храна во кујните во училиштата, градинките и воопшто во заедницата.
По настанот во градинката, Денот на Револуција во Исхраната продолжува со централниот настан во ОУ „Владо Тасевски“ во соработка со компанијата ТИНЕКС, општина Карпош и Арт-М продукција, со почеток во
12.30 часот, каде најмалку 100 деца ќе го готват рецептот- Салата Виножито.
– „Компанијата „Тинекс“ секогаш ги поддржува проектите и иницијативите поврзани со здравите животни навики и правилната исхрана, особено кај најмладите. За таа цел, на наше огромно задоволство се вклучивме и во низата настани по повод одбележување на Денот на револуција во исхраната. Се надеваме дека со овие настани ќе ги потикнеме граѓаните повеќе да развислуваат на здравиот начин на живот преку внесување на здрава храна, а со тоа и ќе има нови, генерации здрави деца чиј избор на дневното мени за јадење секогаш ќе паѓа на природните, здрави и свежи намирници богати со високи нутритивни вредности – изјави бренд директорката на Тинекс, Цветанка Христовска
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мојот живот е 10 пати потежок од неговиот – сопругата на Џејми Оливер распали по него
-
Самохраните родители со ниски примања нема да плаќаат за градинка
-
„Заглавен“ до гуша: Џејми Оливер должи над 70 милиони фунти
-
Груевски: Современ градски пазар, нови градинки, спортско-рекреативни комплекси – многу проекти за Општина Струмица