Светски познатиот готвач Џејми Оливер, односно неговиот синџир ресторани „Jamie’s Italian“, моментно им должи на своите вработени 71,5 милиони фунти.
Имено, тој на својот персонал му должи 2,2 милиони фунти, а лани забележал и загуби од 10 милиони. Освен тоа, на кредиторите, како што е компанијата ХМРЦ, сопствениците на просторот и снабдувачите, Џејми им должи дополнителни 41,3 милиони фунти.
Инаку, тој и официјално соопшти дека ќе затвори 12 ресторани ширум Велика Британија.
Готвачот поседува вкупно 25 ресторани во Обединетото Кралство и 28 во САД. Богатството на Џејми Оливер се проценува на 150 милиони фунти, а според гласините, тој во својот бизнис вложил три милиони фунти сопствени средства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.