| четврток, 6 декември 2018 |

Денот на револуција во исхраната почнува од градинките

Пла­ни­ра­но е да би­дат оп­фа­те­ни си­те де­ца на во­зраст од две до шест го­ди­ни што по­се­ту­ва­ат гра­дин­ка во си­те гра­до­ви во Ма­ке­до­ни­ја. Пла­ни­ра­но е кра­тко об­јас­ну­ва­ње на важ­но­ста на здра­ва­та хра­на во гра­дин­ки­те, а де­ца­та, пре­ку игри, бо­ен­ки и при­каз­ни ќе откри­ва­ат од ка­де по­тек­ну­ва нив­но­то ја­де­ње, што со­др­жи нив­на­та хра­на и ка­ко вли­јае хра­на­та врз нив­но­то те­ло. Ќе при­го­тву­ва­ат са­ла­та ви­но­жи­то во па­ла­чин­ка, а ќе за­са­ду­ва­ат зе­лен­чук во ма­ла­та ор­ган­ска гра­ди­на во дво­рот на гра­дин­ки­те

maja lazarevska1

Ма­ја Ла­за­рев­ска е еден од ам­ба­са­до­ри­те на Фон­да­ци­ја­та за хра­на на Џеј­ми Оли­вер во Ма­ке­до­ни­ја. Таа во со­ра­бо­тка со Ми­ни­стерс­тво­то за труд и за со­ци­јал­на по­ли­ти­ка денеска, на 16 мај го ор­га­ни­зи­ра Де­нот на ре­во­лу­ци­ја­та во ис­хра­на­та во си­те гра­дин­ки во на­ша­та зем­ја.

Пла­ни­ра­но е да би­дат оп­фа­те­ни си­те де­ца на во­зраст од две до шест го­ди­ни што по­се­ту­ва­ат гра­дин­ка во си­те гра­до­ви во Ма­ке­до­ни­ја. Пла­ни­ра­но е кра­тко об­јас­ну­ва­ње на важ­но­ста на здра­ва­та хра­на во гра­дин­ки­те, а де­ца­та, пре­ку игри, бо­ен­ки и при­каз­ни ќе откри­ва­ат од ка­де по­тек­ну­ва нив­но­то ја­де­ње, што со­др­жи нив­на­та хра­на и ка­ко вли­јае хра­на­та врз нив­но­то те­ло. Ќе при­го­тву­ва­ат са­ла­та ви­но­жи­то во па­ла­чин­ка, а ќе за­са­ду­ва­ат зе­лен­чук во ма­ла­та ор­ган­ска гра­ди­на во дво­рот на гра­дин­ки­те.

Иа­ко на­ста­ни­те во гра­дин­ки­те ќе би­дат од за­тво­рен тип, Ла­за­рев­ски ги охра­бру­ва си­те ро­ди­те­ли за­ед­но со сво­и­те де­ца да се вклу­чат во оваа ак­ци­ја и со нив да зго­тват вкус­ни и здра­ви ре­цеп­ти.

Да се раз­бе­ре­ме, мра­зам фа­на­ти­зам и јас сум про­тив се­ка­ков тип фа­на­ти­зам во жи­во­тот. Зна­чи во тоа за што се за­ла­гам не ста­ну­ва збор за ве­ге­та­ри­јанс­тво, ве­ганс­тво или не­ка­ков по­се­бен тип ис­хра­на кај де­ца­та во гра­дин­ки­те, ту­ку, ед­но­став­но, тие мал­ку нез­дра­ви ужи­ни што ги има­ат во ме­ни­ја­та да се за­ми­нат со здра­ви обро­ци ка­ко ја­бол­ки, мор­ко­ви, кра­ста­ви­ци, до­ма­ти. Си­те тие кро­а­са­ни со чо­ко­ла­да, чо­ко­лат­ца, да се за­ме­нат со све­жи ужи­ни ка­ко ја­бол­ко, пор­то­кал, кра­ста­ви­ца – ве­ли Ла­за­рев­ска.

Пла­тфор­ма­та „Ре­во­лу­ци­ја во ис­хра­на­та“e ос­но­ва­на во 2010 го­ди­на, ка­ко кам­па­ња и бор­ба про­тив епи­де­ми­ја­та од де­бе­ли­на и на бо­ле­сти, чиј­што при­чи­ни­тел е ис­хра­на­та. Taa прет­ста­ву­ва дви­же­ње што овоз­мо­жу­ва лу­ѓе­то што са­ка­ат до­бра и здра­ва хра­на да дој­дат и за­ед­но да спо­де­лат ин­фор­ма­ции, та­лент и ре­сур­си, а, исто та­ка, да го пре­не­сат сво­е­то зна­е­ње и ве­шти­ни и со тоа да при­до­не­сат до ожи­ву­ва­ње на тра­ди­ци­о­нал­ни­те пог­ле­ди за при­го­тву­ва­ње на хра­на­та и за го­тве­ње­то ка­ко есен­ци­јал­на ве­шти­на што мо­же да ја има еден чо­век. Иде­ја­та е да се соз­да­де ед­но свет­ско дви­же­ње, кое ќе инс­пи­ри­ра про­ме­ни во на­ви­ки­те во ис­хра­на­та на лу­ѓе­то, при­тоа про­мо­ви­рај­ќи ми­си­ја за по­до­бра хра­на и еду­ка­ци­ја за важ­но­ста на хра­на­та на си­те за­ед­ни­ци и во­зра­сти. Си­те ам­ба­са­до­ри-во­лон­те­ри сво­е­то вре­ме во­лон­тер­ски го вло­жу­ва­ат во ре­а­ли­зи­ра­ње на свои про­е­кти и за­мис­ли, кои се од­не­су­ва­ат на здра­ва и до­маш­но под­го­тве­на хра­на и во сво­ја­та со­др­жи­на ги со­др­жат на­че­ла­та на Фон­да­ци­ја­та за хра­на на Џеј­ми Оли­вер и пла­тфор­ма­та Ре­во­лу­ци­ја во ис­хра­на­та.

Сво­е­то вре­ме го вло­жу­вам во соз­да­ва­ње на­ста­ни, кои има­ат за цел да ја про­ме­нат пер­цеп­ци­ја­та за хра­на­та и со ма­ли че­ко­ри од нај­ма­ла во­зраст де­ца­та да се еду­ци­ра­ат да го на­пра­ват ви­стин­ски­от из­бор. На на­ста­ни­те што ќе се ор­га­ни­зи­ра­ат под мо­ја ко­ор­ди­на­ци­ја се вклу­че­ни и го­лем број во­лон­те­ри, кои ми по­ма­га­ат да соз­да­де­ме ре­сур­си на ма­ке­дон­ски ја­зик, да ста­пи­ме во кон­такт со ком­па­нии, ин­сти­ту­ции, оп­шти­ни и со тоа да до­пре­ме до по­го­лем број се­мејс­тва. Огром­на бла­го­дар­ност до ми­ни­сте­рот Ди­ме Спа­сов и до Ми­ни­стерс­тво­то за труд и за со­ци­јал­на по­ли­ти­ка, кои ја под­др­жаа це­ла­та иде­ја и за­ста­на во за­ед­нич­ка ре­а­ли­за­ци­ја – ве­ли Ла­за­рев­ска.

Компанијата „Тинекс“ оваа година е дел од одбележувањето на „Денот на револуција во исхраната“ светска иницијатива стартувана од фондацијата на светски познатиот готвач Џејми Оливер која се реализира преку лидери-амбасадори во 72 земји во светот.

Во организација на Платформата која e основана во 2010 година и претставува движење што овозможува луѓето кои сакаат домашно приготвена и здрава да се обединат во рок од 24 часа за да се обидат да влијаат глобално со свои авторски настани, Тинекс учествува во организирањето на истите низ градинките и училиштата во Р.М. Целта е да се искористи денот и за подигнување на свеста околу важноста од добри училишни програми за храна како здравата храна во кујните во училиштата, градинките и воопшто во заедницата.

По настанот во градинката, Денот на Револуција во Исхраната продолжува со централниот настан во ОУ „Владо Тасевски“ во соработка со компанијата ТИНЕКС, општина Карпош и Арт-М продукција, со почеток во
12.30 часот, каде најмалку 100 деца ќе го готват рецептот- Салата Виножито.
– „Компанијата „Тинекс“ секогаш ги поддржува проектите и иницијативите поврзани со здравите животни навики и правилната исхрана, особено кај најмладите. За таа цел, на наше огромно задоволство се вклучивме и во низата настани по повод одбележување на Денот на револуција во исхраната. Се надеваме дека со овие настани ќе ги потикнеме граѓаните повеќе да развислуваат на здравиот начин на живот преку внесување на здрава храна, а со тоа и ќе има нови, генерации здрави деца чиј избор на дневното мени за јадење секогаш ќе паѓа на природните, здрави и свежи намирници богати со високи нутритивни вредности – изјави бренд директорката на Тинекс, Цветанка Христовска

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top