| четврток, 6 декември 2018 |

Фотографија која го растажи светот: бебе-слон бдее над својата почината мајка слоница

слонче

Потресна фотографија на која бебе-слон бдее над својата убиена мајка во Северна Кенија синоќа го преплави интернет. Откако мајката загинала, младото слонче легнало до неа и не сакало да се помрдне долго време и покрај настојувањата на активистите за заштита на животните, ловочуварите и другите. Едноставно, слончето одбивало да се одвои од мајката. Така издржало цела ноќ.

Дури следното утро активистите успеале да го успијат и да го пренесат во сиропиталиште за слонови. Му го дале името Сокотеи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top