| четврток, 6 декември 2018 |

Распоред на претставите што ќе се одиграат за „Трескавец“

t720390_DH1A0969

Националните установи „Македонски народен театар“, „Драмски театар“,  Театар Комедија, Театар за деца и младинци, театрите од Велес, Битола и Прилеп, покрај Ансамблот за народни игри и песни „Танец“, кој утре ќе одржи концерт ги соопштија хуманитарните активности кои ќе бидат реализирани во рамките на акцијата „Да го обновиме Трескавец“.

Претставите ќе се одиграат според следниов распоред:

22. февруари: Театар Комедија со претставата „Женидба“ во режија на Дејан Пројковски

25. февруари: МНТ и Театар за деца и младинци со претставата „Декамерон“ во режија на Боњо Лунгов

26. февруари: Драмски театар со претставата „Грев или шприцер“ во режија на Деан Дамјановски

27. февруари: Театар од Велес со претставта „Ноќите во бел сатен“ во режија на Ненад Витанов

28. февруари: Народен театар од Битола со претставата „Хенри VI“, III дел во режија на Џон Блондел

1. март Театар Војдан Чернодрински од Прилеп со претставата „Многу врева за ништо“ во режија на Иво Милошевиќ

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top