| четврток, 6 декември 2018 |

Вељаноски изрази сочувство до неговиот турски колега Чичек за несреќата во рудникот

trajko-veljanoski

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, испрати писмо со сочувство до претседателот на Големото Народно Собрание на Република Турција, Џемил Чичек, за трагичната загуба на човечки животи во несреќата во рудникот во Сома.

pismo-veljanoski500

– Во свое лично име и во името на пратениците на Собранието на Република Македонија да искажам длабока жалост за трагичната загуба на човечки животи во несреќата во рудникот во Сома – стои во писмото.

Вељаноски изразувајќи големо сочуство наведува дека со мислите се со семејствата на загинатите и повредените и со целиот турски народ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top