| четврток, 6 декември 2018 |

ЖРК Вардар се откажа од регионалната лига пред крајот на сезоната!

Управата на ЖРК Вардар СЦБТ реши да се откаже од регионалната женска лига и да не ја доигра сезоната.
Тие ја известија канцеларијата на регионалната лига во Љубљана дека се откажуваат од учеството на завршниот турнир иако во регуларниот дел од сезоната се изборија за второто место веднаш зад Будуќност од Подгорица.
Вардарки уште на 7 мај го откажале учеството, но досега никој од оваа организација не ја известил јавноста, па црвено-црните се решија на ваков чекор.
Сите клубови лигата ја сфаќаат како место за темпирање на формата, има многубројни откажувања и презакажувања на натпреварите. Се игра турнирски, се патува во една или две држави и се игра по неколку натпревари во серија, што е несериозно, и се остава можност за можни шпекулации.
Сезонава требаше да биде најава за сериозен пристап од сите клубови. Се врати и Крим во ова натпреварување, но по само една година, поради беспарица, се откажува од натамошно учество.
Вардар требаше во полуфиналето да се сретне со Локомотива. Со ова откажување се отвораат вратите за вториот претставник од Македонија ЖРК Металург, кој со победа во последното коло против Загорје ќе се искачи на четвртото место и ќе може да учествува на завршниот турнир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top