Затвореник пуштен на домашно отсуство од штипскиот затвор бил прв кој пристигнал на местото на несреќата кај Сарамзалино, ја спасил бремената жена и им помагал на другите повредени.
Извори од затворот за Курир изјавуваат дека затвореникот З. К. (42) најпрво и помогнал на една повредена жена која во моментов е во критична здравствена состојба, медицинска сестра.
Тој потоа ја спасил и бремената жена, која за среќа не се здоби со никакви повреди и пред неколку часа е пуштена на домашно лекување.
Затвореникот откако им помогнал на двете жени, продолжил да им помага и на останатите повредени, се додека не дошла брзата помош.
Откако пристигнала помошта, самиот З.К. со сопствено возило ги однел двете жени во болница.
Со амбулантни возила, останатите повредени биле испратени во болница, каде сите доктори биле спремни да се погрижат за нив.
Како што дознава Курир, затвореникот бил меѓу најпримерните во затворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун


