Жереми Шарди направи сензација на турнирот од Мастерс серијата во Рим и со победа од 2-1 во сетови го елиминира Роџер Федерер. Францускиот тенисер, направи и пресврт против најтрофејниот гранслем шампион во историјата на тенисот, за чудото да биде поголемо.
Федерер поведе со 1-0, откако на уверлив начин со 6-1 го доби првиот сет, а потоа застана и дозволи пресврт и пораз, нешто што ретко му се случуваше во текот на богатата кариера.
Швајцарскиот ас паузираше повеќе од една седмица и не настапи во Мадрид на турнирот од Мастерс серијата, поради тоа што му се родија машки близнаци. Од претходно тој и неговата сопруга Мирка имаа уште две близначки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.