Вечерва во Торино на „Јувентус Арена“ се игра финалето од Лига Европа, во кое за трофеј ќе се борат екипите на Бенфика и Севилја.
Португалскиот тим од Лигата на шампионите каде беше третопласиран во групната фаза стигна до финалниот дуел во ова натпреварување откако во нокаут натпреварите ги победи: ПАОК, Тотенхем, АЗ и Јувентус.
За разлика од нив шпанска Севиља по двете квалификациски кола успешно ја мина групата во Лига Европа и потоа во нок аут фазата ги елиминира: Марибор, Бетис, Порто и Валенсија.
– Беше тешко да се вратиме во живот против Бетис, а потоа против Порто и на крајот против Валенсија во последната минута. Тоа покажува дека имаме одличен тимски дух и дека секогаш го даваме максимумот – вели Иван Ракитиќ.
Севиља има 100% успех во финалните натпревари од Лига Европа откако под водство на Хуанде Рамос во 2006 година (финале против Мидлсброу) и во 2007 година (финале против Еспањол) го освојуваше пехарот.
Бенфика ќе се бори против традицијата бидејќи 32 години нема победа против тим од Шпанија. Уште подолг „пост“ имаат во финалните натпревари во еврокуповите каде 52 години немаат освоено трофеј. Бенфика има две титули во Лигата на шампионите (поранешен Куп на шампионите) во 1960 и 1961 година.
– Ние сега пишуваме историја, а пред нас се уште две титули кои можеме да ги освоиме оваа сезона – изјави тренерот на Бенфика Жорж Жезус.
За тимот од Лисабон ова ќе биде 10.то финале во европските купови, а ги загуби последните седум, меѓу кои и ланското со Челзи (1:2) во Лига Европа.
Финалниот натпревар почнува во 20 часот и 45 минути, а ќе го суди Германецот Феликс Брих.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Извлечени осминафиналните парови во Лига Европа: Милан на мегдан со Арсенал, Спортинг на Ристовски доби лесен противник
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)
-
Вардар вечерва со мечот против Розенборг завршува со настапите во Лига Европа
-
Единаесет екипи обезбедија пласман во нокаут фазата на Лига Европа


