| четврток, 6 декември 2018 |

Водителката на „Икс-фактор“: Навлечена сум на шипка

Српската водителка која ѝ правеше друштво позади сцената на нашата Снеже Велков, Уна Сениќ, веќе година и пол е посветена на вежбањето на фитнес на шипка.

Танцувањето на шипка како вежба е сѐ попопуларен во регионот.

– Тоа е една од ретките активности што ме привлекле. Во танцот на шипка се работи повеќе на внатрешна сила и женственост, кои полека испливуваат и се одразуваат на телото, благодарејќи на комбинацијата на вежби од пилатес, јога и балет со акробатиката на шипката – вели Уна Сениќ.

Водителката признава е целосно окупирана со овој танц.

– Толку сум навлечена на шипката и енергија која се врти околу неа, што сум сигурна дека уште долго време се занимавам со ова- вели таа.

Сениќ неодамна се појави во провокативно издание во едно списание и вели дека не се плаши да го покаже своето тело, но гледа тоа секогаш да биде со мера.

– Сакам да покажам колку сум секси и надвор од моето работно место како водителка – завршува таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top