| четврток, 6 декември 2018 |

Тотенхем го отпушти Тим Шервуд

Тим Шервуд, кој шест месеци седеше на клупата на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, од денеска веќе не е менаџер на клубот.

Претседателот на клубот, Даниел Леви, прецизирал дека со Шервуд бил испочитуван договорот, во кој стоело дека соработката може да биде прекината по завршувањето на сезоната.

– Го назначивме Шервуд на функцијата како човек кој добро ги познава клубот и играчите. Кога го потпишувавме договорот, се согласивме дека 18-месечниот договор може да биде раскинат по само шест месеци, односно на крајот на сезонава – рекол Леви.

Шервуд од 2008 година бил прв асистент на тренерот, во 2010 година бил назначен за технички координатор, а во 2012 година шеф на одделот за развој на млади фудбалери на клубот. Шервуд кон крајот на минатата година беше назначен за менаџер на Тотенхем откако Андре Вилас-Боас доби отказ поради лошите резултати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top