| четврток, 6 декември 2018 |

Металург најголем бренд меѓу спортските екипи во Македонија

metalurg1Швајцарската организација Меѓународно здружение за сертификација (ICERTIAS – International Certification Association GmbH), со седиште во Цирих, во март оваа година спроведе истражување, прво од таков вид во Македонија.

Истражувањето беше спроведено преку интернет, учествуваа 1.200 граѓани од Македонија, корисници на интернет, постари од 15 години.

Истражувањето опфати повеќе од стотина комерцијални и некомерцијални категории (на пример најквалитетно млеко, најквалитетен автомобил, најквалитетен домашен пеач…). Во ова истражување Македонците беа прашани што би купиле и што би користеле доколку парите не би претставувале проблем при купувањето и доколку единствено би одлучувале и купувале врз основа на квалитетот. Со ова се открива што мислат Македонците за вредноста и квалитетот што им се нуди, како и за начинот на кој тие го препознаваат и го ценат квалитетот.

Резултатите од првото истражување Кјудал – Медал за квалитет (QUDAL Quality medal – DEEPMA) го покажаа следното:

Кога станува збор за квалитетот на лица, проекти, организации… испитаниците кои учествуваа во истражувањето го избраа РК Металург за најдобар во категоријата најдобар спортски клуб во Македонија (без оглед во кој спорт), додека Перо Антиќ беше избран за најдобар во категоријата најдобар спортист/спортистка во Македонија.

За најдобра македонска музичка група, најголемиот дел од учесниците ја избраа Нокаут, додека во категоријата најквалитетен музички изведувач, најмногу им се допадна Каролина Гочева.

Во комерцијалните категории од истражувањето македонските граѓани, како снабдувачи со апсолутно највисок квалитет ги избраа: Бимилк (категорија: млеко); Нескафе (категорија: инстант кафе); Пелистерка (категорија: минерална вода); Нивеа (категорија: крем за лице); Дел (ноутбук комјутери); Адидас (спортска облека); Стопанска банка (банка); Триглав Осигурување (осигурителна компанија), Виза (кредитни картички)…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top