Есад Рахиќ некогашниот висок член на СДСМ кој премина во ПЕИ,а потоа се врати во СДСМ со амин на поранешниот лидер Бранко Црвенковски, денеска најавил дека по завршувањето на Конгресот ќе си даде оставка од Централниот одбор на партијата. Рахиќ побарал оставка од лидерот Зоран Заев тврдејќи дека по изборниот пораз тој не заслужувал доверба и дека треба ја препушти партијата на друг.
-Заев е храбар, но сметам дека не може да го носи овој товар на лидер. Не препознава дека на овој Конгрес нема да победи ниту едната ниту другата опција, туку ќе победи ВМРО ДПМНЕ. Требаше да го одложи Конгресот и со ладни глави потоа да се носат потези, изјави Рахиќ.
Конгресот започна во 11 часот утринава. Од вкупно 707 во моментов присутни се 591 делегат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.