Жешка атмосфера на Конгресот на СДСМ. По овациите кои делегатите на СДСМ му ги дадоа на лидерот на партијата, Зораан Заев пред телевизиските камери, на партискиот Конгрес почна жестока дебата.
Според извори на Press24 по заминувањето на новинарите постарите членови на партијата и делегати на Конгресот удриле жестокот по Заев. Најжесток бил Есад Рахиќ кој му рекол на Заев дека сам треба да си поднесе оставка и дека е најголемиот виновник за големото неединство кое владее во партијата. Горан Минчев, кој пред овој Конгрес го загуби статусот на делегат во моментот кога Заев влегол во салата во Александар Палас, станал од своето столче и си заминал.
Од СДСМ уште пред почетокот на официјалниот дел на Конгресот кој според праксата во партијата се одвива зад затворени врати и далеку од очите на јавноста најави дека дебатата најверојатно ќе се води до доцна во ноќта.
За да добие доверба на Заев му треба мнозинство од присутните делегати, но по услов да гласаат една третина од нив. Според партиските информации, на денешниот Конгрес на СДСМ поканети се 727 делегати.
Фото: Игор Ангеловски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.