Роза Топузовска Каревска од ЛДП е пратеничката што не ја потпиша својата оставка. Зоран Заев, лидерот на СДСМ, во едно интервју минатата недела изјави дека еден од избраните пратеници од коалиционите партии не потпишал изјава дека се оркажува од својот мандат.
Република минатата недела се обиде да стапи во контакт со неа, но ни се јави нејзината ќерка која ни изјави дека Топузовска Каревска е во болница и не оже да одговори на нашиот повик. Според последните информации опозицијата не успеала да стапи во контакт со неа, бидејќи се јавувал нејзиниот сопру кој ги замолил луѓето од опозициските редови да не ја бараат повеќе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.