Повеќе од шест илјади учесници од 47 држави учествуваат на 10-от Виз Ер Скопски маратон 2014 што се одржува денеска. Се трча на пет илјади метри, трка која има хуманитарен карактер, полумаратонот и главната трка маратонот на 42.195 метри. Промотор на маратонот е светскиот рекордер, Кениецот Вилсон Кипсанг. Годинава се натпреваруваат четворица Кенијци и две Кенијки, натпреварувачи од Романија, Унгарија, Италија. Како и секоја година, Виз Ер Скопскиот маратон ќе биде и државно првенство во маратон.
Настапуваат сите македонски маратонци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.