| четврток, 6 декември 2018 |

Куманово се заканува со напуштање на лигата

Службена победа со 2-0 и казна за противникот од минус еден бод или, пак, преигрување на средбата, побараа денеска претставниците на Куманово од Комисијата за натпреварување во кошаркарската Суперлига за неодамнешниот натпревар против Работнички во „Градски парк“, кој заврши со победа на домаќинот откако имаше 40-минутен прекин поради општа тепачка на играчите на двата тима.

Според нив судиите не ги исклучиле сите учесници во тепачката. Претставниците на Куманово на состанокот на прволигашите најавија дека ако не се оствари нивното барање подготвени се да ја напуштат лигата. Истовремено побарале одложување на денешниот меч со Кожув, но не го добиле, затоа што премногу доцна го испратиле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top