Репрезентативниот центар Бојан Трајковски и во следната сезона ќе го носи дресот на Куманово, откако денеска потпиша нов едногодишен договор со раководството на актуелниот вицешампион. Крилниот центар лани на половина сезона дојде во таборот на кумановци и веднаш се промовираше во еден од лидерите на екипата, па јасно е зошто при планирањето на тимот за новата сезона токму неговото останување беше наведено како еден од приоритетите за раководството на „сино-белите“.
– Можеме да потврдиме дека со Бојан Трајковски е постигнат договор за продолжување на соработката и овој кошаркар и во следната сезона ќе настапува за нашиот тим – потврдија од раководството на Куманово за порталиот Екипа.
За очекување е во следниот период да биде официјализиран и договорот со тренерот Марјан Србиновски, по што би требало да се финишираат и преговорите за нови договори со уште тројца македонски кошаркари, Караџовски, Костоски и Јанески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент