| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар прими петка од ОФК Београд

Македонскиот фудбалски шампион Вардар, имаше бледа генералка пред стартот на домашното првенство и прими 5 гола од ОФК Београд, во поразот од 2-5, вечерва на „Филип втори“ арената. Српскиот состав беше многу подобар и го остави најтрофејниот наш клуб, без победа во подготвителниот период.

Милан Илиевски и Јован Костовски беа стрелци за Вардар, во периодот од 55. до 64. минута, дел од играта во кој Скопјани израмнија од 0-2 на 2-2. Сепак гостите покажаа многу подобар фудбал и на крај го декласираа „црвено-црниот“ состав.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top