| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се продаваат личните работи на Тито?

tito-vonzemjani

Постои опасност личните работи на Јосип Броз – Тито да почнат да се продаваат уште пред крајот на оставинската расправа, предупреди Горан Петронијевиќ, адвокат на внукот на Тито, Јошка Броз. Овие работи уште се познати и како „работите од сефот на Тито“.

Судот во Белград неодамна го одби предлогот на адвокатот на внуката на Тито, Светлана Броз, личните работи, кои тричлената комисија ги испрати во депото 555, познато уште како и „сефот на Тито“ да бидат префрлени од Народнатата банка на Србија во депозитот на судот, пишува „Вечерње новости“.

Претходно, судот го одби барањето на адвокатот на Јованка Броз, кој бараше привремено да се забрани отуѓување на кој било дел од наследството до конечната поделба.

Петронијевиќ предупредува дека ова уште пред завршување на судската постапка, многу од вредните работи на Тито можат да бидат продадени.

Последното рочиште во расправата меѓу наследниците на Тито е одржано во декември 2012 година и оттогаш оставинската расправа е заглавена во едно место.

Оставинската постапка е отворена на 14 декември 1983 година по барање на синот на Тито, Жарко. Судот донесе решение за поделба на имотот во 1989 година, но вдовицата на Тито, Јованка, ја оспори.

Втората поделба почна во 2000 година, откако Уставниот суд го одобри законот според кој имотот на Тито е дефиниран како општествен. Првото рочиште е закажано по една деценија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top