Вечерва се одржува втората полуфинална вечер од најголемото музичко натпреварување во Европа, Евровизија, на која ќе настапи нашата претставничка Тијана Дапчевиќ, заедно со придружните вокали – сестра и Тамара, Димитар Андоновски и Пере од „Нокаут“ со песната „To the sky” ќе настапат единаесети по ред во втората полуфинална вечер.
Во големото финале на 10 мај ќе настапат десетте песни со најмногу бодови од двете полуфинални вечери, земјата-домаќин, Данска, како и земјите од големата петорка: Велика Британија, Шпанија, Германија, Франција и Италија.
Вечерва, освен Тијана, ќе настапат и претставниците на Малта, Израел, Норвешка, Грузија, Полска, Австрија, Литванија, Финска, Ирска, Белорусија, Швајцарија, Грција, Словенија и Романија.
Билет за настап на големото финале веќе обезбедија Унгарија, Ерменија, Азербејџан, Сан Марино, Црна Гора, Украина, Русија, Шведска, Холандија и Исланд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.