Блиски соработници на фолк пејачот велат дека долги години имал проблеми со срцето, па се разболел од карцином на панкреасот. Војо зад себе ги остави сопругата Евица Камберова-Стојановска, новинар во МТВ, синот Дамјан кој има 19 години и два сина од претходниот брак, пишува Вест.
Дел од блиските колеги на Војо жалат што не успеале да се поздрават со него за последен пат.
– Доцна ми јавија за жалната вест, а јас во моментов не сум во Скопје и жалам што не успеав да заминам во Букојчани на погреб, изјавил вчера за „Вест“ Наум Петрески и додаде: Тој беше еден многу специфичен човек, редок човек, голем другар. Иако знаевме дека е болен сите не затече веста за неговата смрт. Секогаш се дружевме зад фестивалската сцена и по фестивалите. Кога ќе се сретневме приватно никогаш не зборувавме за музика – пишува Вест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.