| четврток, 6 декември 2018 |

Војо Стојановски почина од карцином на панкреасот

Vojo-Stojanovski-620x330c
Вчера во родното село Букојчани, Кичевско, погребан е Војо Стојановски, македонската фолк легенда, кој почина завчера во Скопје по кусо боледување на 65 годишна возраст.

Блиски соработници на фолк пејачот велат дека долги години имал проблеми со срцето, па се разболел од карцином на панкреасот. Војо зад себе ги остави сопругата Евица Камберова-Стојановска, новинар во МТВ, синот Дамјан кој има 19 години и два сина од претходниот брак, пишува Вест.

Дел од блиските колеги на Војо жалат што не успеале да се поздрават со него за последен пат.

– Доцна ми јавија за жалната вест, а јас во моментов не сум во Скопје и жалам што не успеав да заминам во Букојчани на погреб, изјавил вчера за „Вест“ Наум Петрески и додаде: Тој беше еден многу специфичен човек, редок човек, голем другар. Иако знаевме дека е болен сите не затече веста за неговата смрт. Секогаш се дружевме зад фестивалската сцена и по фестивалите. Кога ќе се сретневме приватно никогаш не зборувавме за музика – пишува Вест.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top