
За Црвенковски, велат од партијата, личниот интерес не смее да биде поголем од државните интереси, јавуваат порталите блиски до СДСМ.
-За разлика од нас, во ВМРО-ДПМНЕ има тепачки за функции. Сите во СДСМ и во коалицијата со своите одлуки покажаа голема етичка вредност и постапки, а со одлуката за бојкот на изборите серија идни градоначалници и советници на СДСМ се жртвуваа од своите примања. Кога ние ќе дадеме оставка и ние ќе немаме плата. Тоа е најмала жртва за иднината на Македонија. Апанажата е законско решение и индивидуална одлука на секој пратеник. Некој може да ја зема, некој може да се откаже. Што ќе се одлучи ќе видиме понатаму- рече Игор Ивановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


