| четврток, 6 декември 2018 |

Распуштен косовскиот парламент, избори во јуни

Пратениците на Собранието на Косово денеска на вонредна седница гласаа за распуштање на Парламентот, со што е отворен патот за предвремени парламентарни избори на почетокот на наредниот месец, објави „Дојче веле“. Во 120-членото косовско Собрание во моментот на гласањето за распуштањето на парламентот присутни биле 115 пратеници.

„За“ гласале 90, додека против биле четворица пратеници. За распуштање на парламентот, според косовскиот Устав, потребно е двотретинско парламентарно мнозинство, односно 80 пратеници.

Лидерите на сите главни политички партии во Косово се договорија оваа седмица предвремените парламентарни избори да бидат одржани на 8 јуни, наместо во ноември.

Парламентот требаше да гласа за новата армија во понеделникот. Премиерот на Косово Хашим Тачи најави дека ќе биде распуштено Собранието на Косово и оти гласањето за војската на Косово и резервираните места за малцинствата, ќе останат на новиот собраниски состав.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top