Поранешната украинска премиерка и кандидат за претседател на претстојните избори кои во Украина се закажани за 25 мај, Јулија Тимошено изјави дека единствена од сите политичари во Украина е способна да ги спроведе неопходните политички реформи., јави „Итар-Тас“.
Тимошенко на конференцијата за новинари во Николаево, на југот на Украина отворено рекла дека земјата нема да избегне трета револуција доколку граѓаните изберат друг кандидат, а не неа.
Не сакам повеќе да бидам одговорна за пропаста на револуцијата. Ако Украина избере друг претседател, а јас всушност имам само еден ривал, мислам дека ќе мора да кренеме и трета револуција. Во спротивно, мислам дека нема шанси промените да бидат спроведени. просто, јас ги познавам сите тие луѓе, објаснила Тимошенко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Зелените партии со најголеми изборни победи во Западна Европа викендов
-
Заев: Вистинската опција за уставните измени е Собранието, а не нови избори