| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсениот скопски доктор барал 2.000 евра за да намести инвалидска пензија (ВИДЕО)

Вчера,  по претходна пријава од страна на граѓанин, Одделот за организиран криминал реализираше случај за кривично дело примање награда за противзаконито влијание, соопштува МВР.

Пријавениот е офтамологот Д.С.(46), сопственик на Приватна здравствена установа-специјалистичка ординација по офталмологија Центар за очни болести ОКО Скопје и вработен Приватна здравствена установа – Поликлиника за специјалистичко-консултативна здравствена дејност “Корнеа Медика“.

При  медицински преглед на Клиниката за очни болести – Скопје, кој бил извршен од страна Д.С. каде претходно бил вработен како доктор, дијагностицирал болест на очите кај еден од пациентите, за што му рекол дека со таква дијагноза повеќе не ќе можел да работи и дека за износ од 2.000 евра, може да му посредува за добивање на инвладиска пензија.

evra

Откако парите за противзаконско посредување му биле побарани на пациентот, кривично правниот настан во месец aприл е пријавен во МВР, за што е сочинет Записник за примање на пријава, а веднаш е известен и надлежен јавен обвинител и превземани се потребните мерки и активности за обезбедување на докази и документирање на кривичното дело.

На 5 мај остварен е телефонски контакт помеѓу оштетениот граѓанин и осомничениот, при што било договерено истите да се сретнат наредниот ден во угостителски објект во Скопје кај меѓународната автобуска станица каде парите требало да бидат предадени, за извршување на службените дејствија и посредување во правото за остварување на инвалидска пензија.

Вчера осомничениот ги примил претходно криминалистичко-технички обработените пари во износ од 2.000 евра и по претходно превземени оперативно тактички мерки од страна на полициските службеници, истиот е лишен од слобода и приведен е во полициска станица. При личниот претрес кој бил извршен парите се пронајдени, а исто така пронајдена е и друга медицинска документација, за која треба дополнително да се утврди дали е поврзана со други постапки за стекнување на право за користење на пензии. Од страна на Одделот за организиран криминал – Сектор за корупција, до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top