Италијанскиот тенисер Фабио Фоњини кој е познат по правење сцени и скандали за време на тениските мечеви, вчера ги загуби нервите и му упати неколку закани на судијата Лајани.
Фоњини на мечот против Долгополов мислеше дека доби поен за кој Лајани не се согласи со него, по што го повика доле на мрежата заедно да погледнат. При тоа Фоњини му рече дека ако го изгуби мечот, ќе биде во голема неволја.
Фоњини мечот го загуби со 2-1 по што упати дополнителни закани.
– Симни се, сакам да те видам. Не се плаши – му рече Фоњини на Лајани на заминување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.