| четврток, 6 декември 2018 |

Струга и Охрид ќе играат за да влезат во Гинис со најголемо оро

оро
 Со оро на кое ќе бидат сплотени над 18 илјади луѓе и кое ќе се игра од Струга до Охрид, Македонија планира да се запише во Гинисовата книга на рекорди. Орото ќе се развиори на 10. мај точно напладне, од Мостот на поезијата во Струга до месноста Горица во Охрид.

Се очекува орото од Струга до Охрид да биде долго околу 18 километри и 400 метри.

– Се надеваме дека целата рута од Мостот на поезијата во Струга до Инекс Горица во Охрид, ќе биде полна со луѓе. Орото е веќе подготвено, така што сметам дека ќе претставува атракција не само за Охридско-струшкиот реигон, туку и воопшто за целата држaва. Дали ќе влеземе во Гинис или не, е помалку битно, важно е да го дадеме оној колорит, и да ги одбележиме 65 години од основањето на ансамблот „Танец“, новата туристичка сезона и Меѓународниот ден на танцот -велат организаторите.

– Нема возраст, нема нација, нема никакви критериуми, освен добра желба да се учествува во ова оро и да му покажеме на светот она што ни лежи на душите, а тоа е нашиот македонски такт – додаваат организаторите.

Најголемото оро во светот го заиграле 17.200 Кинези.  очекува орото од Струга до Охрид да биде долго околу 18 километри и 400 метри

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top