Се очекува орото од Струга до Охрид да биде долго околу 18 километри и 400 метри.
– Се надеваме дека целата рута од Мостот на поезијата во Струга до Инекс Горица во Охрид, ќе биде полна со луѓе. Орото е веќе подготвено, така што сметам дека ќе претставува атракција не само за Охридско-струшкиот реигон, туку и воопшто за целата држaва. Дали ќе влеземе во Гинис или не, е помалку битно, важно е да го дадеме оној колорит, и да ги одбележиме 65 години од основањето на ансамблот „Танец“, новата туристичка сезона и Меѓународниот ден на танцот -велат организаторите.
– Нема возраст, нема нација, нема никакви критериуми, освен добра желба да се учествува во ова оро и да му покажеме на светот она што ни лежи на душите, а тоа е нашиот македонски такт – додаваат организаторите.
Најголемото оро во светот го заиграле 17.200 Кинези. очекува орото од Струга до Охрид да биде долго околу 18 километри и 400 метри
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



