| четврток, 6 декември 2018 |

Запленети 33 килограми марихуана во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“, СВР Охрид против албанскиот државјанин А.Т. (42) поднесе кривични пријави. Него одредена му е мерка притвор до 30 дена.

Sl.-002

– На 4 мај годинава во 23 часот и 45 минути, сега притворениот жител на албанскиот град Поградец е затекнат на магистралниот пат Охрид -Кичево  во близина на патот за селото Волино. Во негова непосредна близина, сокриена во околна нива пронајдена е една црна платнена транспортна торба со  околу 33 килограми опојна дрога Марихуана. При детален преглед, констатирано е дека марихуаната е спакувана во дваесет и три најлонски кеси откако претходно било извршено сушење и кршење на врвните делови од растението  cannabis sativa, соопшти Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

Sl.-007

По извршениот увид на местото, во присуство на јавен обвинител, албанскиот државјанин А.Т. веднаш е приведен, одземена е торбата со целокупната количина марихуана како и едно патничко моторно возило марка „Волксфаген-Пасат“ со албански национални ознаки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top