| четврток, 6 декември 2018 |

Бридлав: Русија нема да испрати војска во источна Украина

Ukraina April 29Руската војска нема да навлезе во источна Украина, смета највисокиот воен претставник на НАТО, генерал Филип Бридлав. Командантот на силите на Алијансата во Европа ваквиот став го образложува со фактот дека Русија може да ги постигне своите цели во соседната земја со други средства.

Американскиот генерал од Отава, Канада  порача дека до пред само една недела сметал оти веројатниот воен одговор на Руската Федерација ќе биде да испрати војска во јужна Украина за да ја утврди копнената врска со полуостровот Крим, што Руската Федерација го анектира во март, пред евентуално да продолжи кон црноморското пристаниште Одеса.

– Денеска, меѓутоа, ќе ви кажам дека не мислам оти тоа е најверојатното сценарио… Сега сметам дека рускиот претседател Владимир Путин е способен своите цели во источна Украина да ги постигне и ако никогаш не ја мине границата со своите сили – изјави командантот на силите на НАТО во Европа.

Генерал Бридлав прогнозира дека најверојатното сценарио, според него, е Путин „да продолжи да го прави тоа што го прави во моментов: да ги дискредитира новите украински прозападни власти и да предизвикува тензии, обидувајќи се да ја подготви сцената за сепаратистичко движење“ со цел на Москва да ѝ се гарантира ставањето рака врз источна Украина.

Русија во источна Украина испрати специјални единици кои ги поттикнуваат немирите, тврди највисокиот воен претставник на НАТО.  Тој, истовремено, не сакаше да претпоставува дали овие специјални сили ги гаѓаат со ракети украинските воени хеликоптери.

Проруските сепаратисти во источниот дел на земјата само во последната недела урнаа најмалку три украински армиски хеликоптери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top