| четврток, 6 декември 2018 |

Ливерпул тргна да билда гол-разлика и ја загуби титулата со реми 3-3 против Кристал Палас

Ливерпул и Кристал Палас одиграа неверојатен меч, по кој „црвените“ од „Енфилд Роуд“ најверојатно се простија од титулата во Премиерлигата.

Со головите на Ален, на Стариџ и на Суарес, Ливерпул до 55. минута водеше со 3-0, а гостите тргнаа и да ја поправат гол-разликата, што може да биде клучна во трката со Манчестер сити во битката за шампионската круна.

На крајот загубија два драгоцени бода, бидејќи домаќинот Кристал Палас со три гола за само девет минути израмни на 3-3. Делани во 79. минута и на двапати Гејл во 81. и 88. минута беа прецизни за чудо и реми на екипата од Лондон.

Ливерпул има само еден меч до крајот на шампионатот, против Њукасл дома, а и со победа ќе има минимални шанси за шампионскиот трофеј. Моментно со меч повеќе тие се лидери со 81 бод, пред Манчестер сити со 80.

Избраниците на Мануел Пелегрини до крајот ќе играат со Астон Вила и со Вест Хем, а имаат и многу подобра гол-разлика од Ливерпул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top