| четврток, 6 декември 2018 |

Богатинов ќе си замине од Стеауа

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Богатинов ќе си замине од Стеауа, а, според информациите од Романија, тренерот на шампионскиот тим од Букурешт, Лаурентиу Регекампф, не смета повеќе на услугите на 28-годишниот кратовец.

Богатинов ќе биде на трансфер-листата на Стеауа, а воопшто и не доби шанса да брани. За нецели шест месеци Мартин ниту еднаш не беше на голот на најтрофејниот состав во Романија, а не влезе ниту како резерва.

Според информациите од романските медиуми, Богатинов за половина година во Стеауа инкасирал околу 70 илјади евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top