Друштвото на писателите на Македонија го распиша конкурсот за наградата „Даница Ручигај“ за најдобра поетска книга. Во конкуренција за ова признание ќе влезат книгите на поетесите, членки на ДПМ, објавени од мај 2014 до мај идната година. Наградата ќе се доделува на 5 мај, роденденот на поетесата Даница Ручигај.
Неодамна ДПМ формира Клуб на писателките што го носи името на познатата македонска поетеса Даница Ручигај. Одлуката за формирање на Клубот е донесена по повод 80-годишнината од раѓањето на Даница Ручигај, која животот трагично го заврши во скопскиот земјотрес, на 29-годишна возраст. Со работата на клубот се овозможува поголема вклученост на писателките во програмските активности на ДПМ и поширока презентација на нивното творештво пред љубителите на пишаниот збор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ
-
Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија
-
„Празник на липите“: Врачени наградите „Книжевно жезло“ на Видое Видически и Ѓеорѓе Добре
-
„Празник на липите“ в четврток во Друштвото на писателите на Македонија