| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува 59 Евровизија

evrovizijaВечерва во Копенхаген, Данска почнува 59 Евровизија. Данска по третпат ќе биде домаќин на Евровизија. Земјата беше домаќин на Евровијата во 1964 и 2001 година.

Отворањето на ова старо и некогаш многу популарно музичко натпреварување е вечерва во историското здание на градската управа на Копенхаген. Полуфиналните вечери се на 6 и на 8 мај, а финалето е на 10 мај.

Натпреварот ќе се оддржи на невообичаено место – во старото бродоградилиште Бурмајстер и Вајн, на островот Рефхалеон, во источниот дел на Копенхаген, кое беше затворено во 1996 година. Денеска на еден од доковите на бродоградилиштето е изградена сала за 10.000 гледачи и има водена сцена, што наликува на брод.

Буџетот на Евровизија изнесува 190 милиони дански круни (25 милиону евра).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top