| четврток, 6 декември 2018 |

Маратон за белодробната хипертензија

MaratonСо почесен маратон и културно-забавна програма денеска во Гевгелија ќе биде одбележан 5 Мај – Денот на пулмоналната (белодробна) хипертензија. Целта е подигнување на јавната свест за болеста преку нејзино рано дијагностицирање, третман и лечење.

Маратонот, долг четири километри, го организира здружението АПХ Момент плус – Македонија кое прв пат се вклучува во одбележување на Денот на пулмоналната хипертензија.

Пулмоналната хипертензија (ПХ) е тешко заболување што манифестира тешкотии при дишењето. Може да предизвика серија други заболувања, белодробни или срцеви, згрутчување на крвта,… Во некои случаи е наследна, а може да предизвика и смрт. Се појавува во разни форми од кои некои се ретки.

Според АПХ, многу е важно луѓето со ПХ да добијат точна дијагноза и пристап до потребните терапии. Затоа е неопходно  да се дејствува веднаш, да се воспостават центри за дијагностика, третман и справување со болеста.

Денот на пулмоналната хипертензија годинава се одбележува под мотото „Остани без здив за ПХ“. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top