| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен битолски јавен обвинител во акција за разбивање нелегална трговија со оружје

Јавен обвинител од Битола е уапсен утрово заедно со уште три други лица во акција на МВР за разбивање на група која нелегално тргувала со оружје.

Според првични инфромации, обвинителот се сомничи за злоупотреба на службената положба. Покрај него, уапсен е уште еден вработен во обвинителството во Битола, кој неофицијално работел како возач. Во рамките на истата акција во Прилеп се уапсени уште две лица осомничени за недозволена трговија со оружје. Од рано утрово полицијата врши претреси на повеќе места, а во текот на денот се очекува да биде извршен и информативен разговор со приведените. Од МВР ја потврдија информацијата и најавија повеќе детали по завршување на акцијата и комплетирање на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top