| четврток, 6 декември 2018 |

Адриана Лима и Марко Јариќ сепак се разведуваат

lima-marko
Иако одамна светските медиуми шпекулираат на оваа тема, а славниот пар постојано ги демантираше гласините, сепак на крајот излезе дека жолтиот печат бил во право.

По пет години брак, Андриана и Марко потврдија за јавноста дека ќе се разведат.

– По долго и мачно размислување, одлучивме да се разделиме по пет години брак. Благодарни сме што станавме родители на прекрасни девојчиња, кои и понатаму заедно ќе ги воспитуваме. Навистина ќе ги цениме вашите обзири за нашата приватност и почит кон нашите семејства во овој период, кој е тежок за сите нас – изјави парот за магазинот People.

Во последните гласини се шушкаше дека Лима го остава Марко за друг маж, но останува да видиме дали е и оваа вест точна.

Парот се венчаше во 2009-та година, а Адриана призна дека невиноста ја изгубила дури кога стапи во брак со кошаркарската ѕвезда.

Во нивниот брак тие ги добија ќерките Валентина и Сиена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top